Едно лице загина, а четворица се ранети во пукотница што се случи рано утринава во близина на библиотека во Балтимор, Мериленд, јавуваат светските медиуми.

Непознатиот напаѓач кој е во бегство застрелал пет лица и исчезнал. Сè се случило околу 4:50 часот по локално време.

Не е познат мотивот на нападот, ниту пак се жртвите.

Сето тоа се случило пред библиотеката на подружницата Вудло.