Кандидатот на републиканците на претстојните претседателски избори Доналд Трамп е безбеден по пукањето што се случи во негова близина, соопшти вечерва неговиот изборен штаб.
„Претседателот Трамп е безбеден по пукањето во негова близина. Засега нема повеќе детали“, изјави портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чунг, пренесе Си-Ен-Ен.
Како што пренесуваат американските медиуми од нивни извори, Доналд Трамп не бил во животна опасност.
Поранешниот американски претседател играл голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. Клубот е затворен по инцидентот.
„Њујорк пост“ пишува дека две лица размениле оган надвор од теренот за голф, и дека пукањето не било насочено кон Трамп.
Изборниот штаб на Доналд Трамп во неделата извести дека „поранешниот претседател е безбеден откако во негова близина се слушнале истрели“.
„Во овој момент немаме дополнителни детали за овој настан“, изјави портпаролот на персоналот на Трамп, Стивен Чеунг, пренесува Си-Ен-Ен.
Сепак, американските медиуми објавуваат различни информации за престрелката.
Иако „Њујорк пост“ објави дека двајца вооружени напаѓачи почнале да пукаат еден на друг пред голф-клубот на Трамп и цитираше извори кои велат дека Трамп не бил целта, имало пресврт.
Си-Ен-Ен објави дека повеќе извори рекле дека Тајната служба пукала кон осомничениот и дека официјални лица веруваат дека напаѓачот имал намера да го таргетира Трамп.
Тајната служба објави на Х. Тие објавија дека истрели се слушнале околу 14:00 часот по локално време.
„Тајната служба, во соработка со канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич, истражува инцидент во кој е вмешан поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се случил непосредно пред 14 часот“, се вели во соопштението на Тајната служба, пренесува Sky News.
Синот на Трамп, Доналд Трамп Џуниор, на платформата Х рече дека пукањето се случило кај теренот за голф на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида. Тој изјави дека осомничениот е уапсен, пренесува Би-би-си.
Се јави и Доналд Трамп. Поранешниот претседател рече: „Имаше истрели во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: БЕЗБЕДЕН СУМ И ДОБРО!
“Ништо нема да ме успори. НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖАМ!”.
Да потсетиме, Трамп беше повреден во обид за атентат на 13 јули годинава.