Во престрелката на погреб во Лондон повредени се девојче на седум години кај кое биле констатирани животно загрозувачки повреди, а според соопштението на лондонската метрополитен полиција во пукањето е повредено уште едно девојче на 12-годишната возраст, како и четири жени на возраст од 21, 41, 48 и 54 години
Во нив било пукано од автомобил кој во моментот на погребот минувал покрај црквата.
Очевидци велат дека било трауматично.
„ Никој не знаеше дали се работи за бомба или за вооружен маж. Баравме места за криење. Сите само се забивме во аглите каде што можевме. Тргнавме по 10-тина минути – изјави очевидецот.
Полицијата, како што наведува британскиот национален сервис, околу 13:30 часот одговорила на пријава за истрели од возило во движење во близина на црква во која во тоа време се одржувал погреб.
Сериозни повреди биле констатирани и кај 48-годишната жена, додека состојбата на жената на возраст од 21 година засега не е позната.
Претставник на полицијата изјави дека другите две жени не се во животна опасност и дека на 12-годишното девојче му е укажана лекарска помош поради полесна повреда на ногата.
Се трага по напаѓачите.