Полицијата потврди дека се застрелани неколку лица и дека ситуацијата е сѐ уште активна.
Според информациите од полициската управа на Атланта, еден од застреланите е осомничениот вооружен напаѓач.
Сите застрелани се свесни и дишат, соопшти полицијата.
🚨#BREAKING: Numerous law enforcement officers are on the scene after multiple people were shot at the Peachtree Center Mall⁰⁰📌#Atlanta | #Georgia
Currently, numerous law enforcement and emergency personnel are on the scene at the Peachtree Center Mall, which is on lockdown… pic.twitter.com/ORFgdh37F6
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) June 11, 2024
Градоначалникот на Атланта, Андре Дикенс, објави на социјалните мрежи дека четири лица биле застрелани во трговскиот центар Пичтри и дека зградата сега е затворена.
Дикенс вели дека е во штабот за јавна безбедност со началникот на полицијата.