Едно 13-годишно девојче е убиено, а двајца тинејџери се повредени во пукање во трговски центар во Северна Каролина, соопшти денеска локалната полиција.

Пукањето се случило во предградието на Шарлот, Конкорд.

Двете момчиња се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, додека девојчето починало на лице место, соопшти полицијата преку Твитер.

Засега не е позната причината за пукањето, а не е објавено дали некој е уапсен по инцидентот.