Луѓето почнуваат да се однесуваат ирационално кога се исплашени, а во моментов има поголеми шанси да добиете малиген тумор и да умрете, отколку од Ковид-19, вели пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ, кој говореше за епидемијата на коронавирус на српската ТВ Хепи.
– Годинава повеќе од 20.000 луѓе ќе умрат од тумори, а околу 3.000 од коронавирус. Да не зборуваме за кардиоваскуларни болести. Кога ќе ги погледнете податоците за смртност во светот, нема големи промени. Во повеќето земји, вкупната смртност е целосно иста како и лани, истакна пуломологот Несторовиќ, кој беше гостин во емисијата Кирилица.
Тој како пример го наведе истражувањето на американски аналитичар:
– Ми беше интересно… Еден труд беше објавен и веднаш повлечен од еден американски институт. Нивниот аналитичар ја анализира смртноста во САД годинава. Интересна е приказната – околу 300.000 луѓе починаа од рак и кардиоваскуларни болести, многу помалку од Ковид-19, тврди Несторовиќ.
Тој додава дека „се чини оти пациентите кои имале хронични заболувања и добиле Ковид-19, и починале, се сметаат како да умреле од коронавирус“.
За новата мутација на Ковид-19 што се појави во Велика Британија Нестровиќ вели:
– Сега таа теза, ми се чини, е побиена. Мислам дека во таа приказна се вклучи и политиката, бидејќи премиерот Борис Џонсон пред некој ден имаше непријатен разговор со канцеларката Ангела Меркел. Оттаму, мислам дека наводно се појавил овој вид, рече Несторовиќ.
Тој ги коментираше и вакцините против Ковид-19:
– Јас навистина не ја разбирам вакцината Фајзер, особено што е најскапа. Целата доза мора да се користи во рок од 12 часа, веднаш штом ќе се одмрзне. Треба да се грижиме за нашите работни места, за нашите граѓани… Не се вакцинираме за да патуваме, идејата да се прими вакцината е за да бидеме здрави, вели пулмологот Несторовиќ.