Валмир Етеми е обвинетиот организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско – струшкиот регион кој бил во бегство, па бил екстрадиран, но излегол од притвор откако скопска апелација му ја прифатила жалбата и понудената гаранција од над 600 илјади евра, дознава Телма.

Албанските медиуми на крајот на јануари лани објавија дека 32 годишниот Етеми од Струга кого Македонија го барала преку Интерпол бил приведен на аеродормот Ринас во Тирана пред да фати лет за Базел Швајцарија.

По ова следувала и екстрадиција и обвинение и судење, а тој бил во притвор од мај. Во петокот попладне второстпениот суд му го укинал притворот.

Од скопскиот Апелационен суд велат дека гаранцијата која ја прифатиле од обвинетиот е хипотека во недвижен имот вреден над 600 илајди евра, а дополнително му определелиле и мерки на претпазливост – редовно јавување на суд и одземање на патна исправа.

Кое е обралзожението со кое судиите прифатиле претходно екстрадираниот бегалец, а сега обвинет како организатор, да го пуштат да се брани од слобода, од судот повеќе информации најавија за утре, со оглед на тоа што денеска е нереботен ден.

Обвинителството за гонење организиран криминал вчера ја сподели информацијата со медиумите истакна  дека дале негативно мислење обвинетиот да биде пуштен, наведувајки неколку причини за тоа.

Додека се очекуваше во понеделник Кривичниот совет да ја продолжи мерката притвор, Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалба за претходното продолжување ја прифатил гаранцијата и го пуштил на слобода без притоа да ги земе предвид околностите дека обвинетиот е првообвинет во предметот, дека истиот беше во бегство и е екстрадиран од друга држава со купена карта во еден правец и дека предметот е во судска постапка која е скоро пред завршни зборови, велат од ојо гокк.

Истрагата против 23 члената организиран криминална група обвинителството ја отвори на 24 ноември 2023 а МВР тогаш сподели и видео од апсењата и претресите.

Истражните органи објавија повеќе детали меѓу кои и тоа дека провосомничениот набавувал од Албанија кокаин или марихуана ги пренесувал преку граница и низ три различни мрежи членови на групата ја препродавале во Струшко.

Дел од групата била задолжена и за оружје и муниција.

Според вчерашните информации од обвинителството дел од обвинетите во текот на постапката и признале вина.