Стариот пат Скопје – Тетово од 16.20 часот попладнево е пуштен за сообраќај, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот беше во прекин од вчера попладне по автобуската несреќа меѓу Карпалак и Ласкарци во која загинаа 14 лица.
Автобусот на „Дурмо турс“ кој излета од патот сообраќал на релација Скопје-Гостивар.