Рускиот претседател Владимир Путин имаше обраќање кон граѓаните и кажа дека Западот се обидува да ја обвини Русија за нивните грешки, а на светот му порача дека цените на храната ќе растат ако продолжи економскиот притисок врз неговата земја.
Путин ги обвини западните сили дека сами се виновни за ситуацијата која ја создадоа во светот поради војната во Украина.
Русија ги исполнува обврските за извоз на енергенси и не може да биде виновна за растот на цените, вели претседателот на Русија.
„Тоа е резултат на нивните грешни пресметки, немој нас да нè обвинувате“, им порача Путин на западните лидери.