Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за предизвикување глобална енергетска и криза во храна.

„Западните земји и алијанси се обидуваат да ја зачуваат својата доминација во светот, игнорирајќи ги интересите на другите земји, создавајќи конфликти и нестабилност“, рече Путин преку видеоконференциското обраќање на 11. Меѓународен состанок на високи претставници задолжени за безбедносни прашања што се одржува во Московскиот Регион

„Сите овие обиди за зачувување на доминацијата се проследени со градење на воениот потенцијал, мешањето во внатрешните работи на други земји, а исто така и со обидите за еднострани придобивки од глобалната енергетска и криза во храна, провоцирана од неколку западни држави“, рече тој.

Путин истакна дека Русија е убедена дека постои алтернатива за доминацијата на Западот и неговата „политика на уцени и нелегитимни санкции“ – заедничка работа заснована врз принципите на меѓусебно почитување, партнерство и доверба, насочена кон решавање на најакутните проблеми – безбедноста, економијата, општествениот и технолошкиот развој.