Рускиот претседател Путин го укина декретот од 2012 година, кој делумно го потврдуваше суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Транснистрија , отцепен сепарастички регион што се граничи со Украина. Транснистрија позната и како Придњестровје прогласи независнот во 1990 со желба за присоединување кон Русија. Регионот, населен со руско население, е меѓународно признат како дел од Молдавија, а во него се распоредени руски трупи .

Декретот ја обврзуваше Русија да бара начини за решавање на сепаратистичкото прашање засновано на почитување на суверенитот, територијалниот интегритет и неутралниот статус на Република Молдавија при одредувањето на специјалниот статус на Придњестровје.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека потегот не значи дека Путин го напушта поимот молдавски суверенитет додека некои заапдни експерти сметаат дека Москва сака да отвори нов фронт на источните граници на Европа. Односите меѓу Русија и Молдавија се многу тензични, особено по минатонеделниот избор на нов прозападен премиер на Молдавија кој вети дека ќе бара влез во ЕУ.

Кина и Русија ќе останат посветени на развојот на билатрелните односи. Соработката помегу Москва и Пекинг е многу важна за стабилизација на меѓународната ситуацијата порачаа шефот на кинеската дипломатија Ванј Ји рускиот претседател на денешната средба во Моксва.

Руско кинеските односи не се насочени кон трети земји рече Ванг, а Путин оцени дека двете змеји достигнуваат нови пресвртници. Потоа Путин присустуваше на концеротот на стадиниоот во центарот на Моксва по повод денот на бранителите на татковината.

Во говорот Путин рече дека Русија е „горда на војнците кои во Украина се борат за одбрана на татковината“, додавајќи дека целата земја ги поддржува. А Американскиот претседател Џо Бајден во текот на денот во Варшава ќе се сретне со лидерите на земјите – членки на НАТО, Естонија, Летонија. Литванија, Романија, Словачка, Унгарија , Чешка, Полска и Бугарија. Во фокусот на разговорите според најавите ќе биде зајакнувањето на источноот крило на НАТО.

Бројот на загинати во разорните земјотреси во Турција и Сирија надмина 50.000.. Во Турција бројот порасна на 42.310, а во Сирија надмина 8.500 жртви. Турската влада утрово одлучи финансиски да им помага на работадавачите да ги покријат платите на вработените чии работни места се тешко или умерено уништени од природната катастрофа и забрани отпушањата во 10 погодени провинциии.