Претседателите на Русија и Турција Владимр Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска имаат телефонски разговор, при што договорија испорака на руската вакцина против Ковид-19 на Турција. Тие разговараа и за можно производство на таа вакцина во Турција, информира Кремљ.

„Тие разговараа за можностите за проширување на соработката во областа на борба против вирусот, вклучително и за потенцијалното доставување и организирање на производство на руски вакцини во Турција“, се вели во соопштението.

Турција претходно објави дека е подготвена да ја регистрира руската вакцина против Ковид- 19 „Спутник V“ доколку ги мине локалните токсиколошки тестови.

Претставник на Рускиот фонд за директни инвестиции претходно за ТАСС изјави дека е постигнат договор со водечка турска фармацевтска компанија за производство на руската вакцина во Турција.

Фондот објави дека започнал процесот на пренесување на технологијата во Турција.