Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека утринава нападот врз централниот украински град Днипро бил извршен со „нова конвенционална ракета со среден дострел“. Тој додаде дека ракетата го носи кодното име Орешник. Путин ова го изјави за време на телевизиското обраќање во кое зборуваше за ситуацијата на бојното поле.
„Би сакал да го информирам персоналот на руските вооружени сили, граѓаните на нашата земја, нашите пријатели ширум светот, како и оние кои сè уште имаат илузии за можноста да и се нанесе стратешки пораз на Русија, за настаните што се што се случува денеска во Северниот воен округ, односно по употребата на нашата на полето на западно производство на оружје со долг дострел“, рече тој.
Путин нагласи дека на 19 ноември, украинските вооружени сили нападнале цели во областа Брјанск со шест ракети АТАКМС, а на 21 ноември – системи Storm Shadow во областа Курск. Тој изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана го одбиле нападот и дека нема жртви или поголема материјална штета.
Рускиот претседател посочи дека „невозможно е да се користи оружје со долг дострел за да се нападне Русија без експерти од земјите каде што е произведено“.
Во телевизиско обраќање, Путин рече и дека ударите на западните ракети со долг дострел на руска територија му дадоа на конфликтот во Украина карактеристики на глобален.
„Од овој момент, како што повеќепати нагласивме, конфликтот во Украина, кој претходно беше испровоциран од Западот, доби елементи од глобален карактер“, нагласи тој.
Путин рече и дека руските трупи успешно напредуваат по целата линија на борбен контакт.