Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека политиката на режимот во Киев и на Западот, кој сака да уништи се што е поврзано со Русија, нема иднина.
„Сегашните украински власти се обидуваат да ги забранат книгите на руските класици и современици, да ги извадат од продавниците и библиотеките и да ги уништат“, рече Путин на состанокот со членовите на владата, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека Киев и Западот сонуваат да го направат тоа на секој што „мисли, зборува или чита на руски“.
„Таква политика никогаш немала и нема да има иднина“, рече Путин.