Рускиот претседател Владимир Путин наредил официјална истрага за инцидентот со мостот, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесе Интерфакс.

Експлозија и пожар го оштетија Кримскиот мост, што ги поврзува Русија и окупираниот Кримски Полуостров, рано на 8 октомври.

Властите во Москва велат дека станува збор за бомбашки напад со камион – бомба, а висок соработник на претседателот на Украина сугерираше дека е нов удар од Киев.

Русија во саботата соопшти дека загинале три лица кои биле во автомобил во близина, јавуваат западните агенции Асошиејтед прес и Агенцијата Франс прес.