Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ширењето на НАТО кон границите на Русија не ја весели Москва.
– Тоа е воен блок и кога нејзините инфраструктурни објекти се шират до нашите граници, тоа не нè прави среќни, рече Путн во интервјуто за Раша Тудеј и Скај њуз Арабија.
Како што рече, Русија на тоа го гледа како на закана, иако НАТО се обидува да ја убеди Русија дека не претставува закана.
– Отсекогаш сме го чувствувале тоа и повеќепати сме им го кажале тоа, но тие постојано одговараа: Не плашете се, тоа не е против вас, нема потреба да се плашите. НАТО се трансформира, таа веќе не е воена организација, не е агресивна, рече Путин.
Затоа, додаде Путин, Русија ќе продолжи да работи на подобрување на своето оружје за да одговори на каква било форма на агресија.
– Русија има најсовремено оружје што никој во светот го нема, потенцираше Путин.