Добро знаеше дека по него се трага, ама сепак се врати во Русија – намерно. Сакаше да биде уапсен – изјави Путин, избегнувајќи да го изговори името а Алексеј Навални.
Toj побара непристрасно известување за случајот Навални и повтори дека опозиционерот свесно го кршел законот.
Рускиот претседател истакна дека Навални бил запознаен со потерницата која беше распишана по него, но решил да се врати во Русија.
Навални беше уапсен на 17 јануари на аеродромот Шереметјево, при враќањето од лекување во Германија, по што му беше активирана условната осуда.