Претпоставувам дека нашите празни закани воопшто не ја плашат Русија. Треба да ја осознаеме сопствената положба: Русија ни е нужна за да решиме редица важни проблеми“, тврди Андор Шандор, поранешен началник на Воената разузнавачка служба на Чешка.

Според него, Путин никогаш не би направил таква глупост, како убиството на двојниот агент Скрипл, кој поминал неколку години во руски затвор, а е ослободен пред осум години-во 2010, изјавил Шандор во подолгото интервју за чешкиот Parlamentarni listy, а цитиран од бугарски Фокус.