Нема докази за вмешаност на Иран во напади врз саудиските нафтени постројки, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Ние сме против да биде обвинет Иран затоа што нема докази за вмешаност на таа држава. Разговарав за тоа вчера лично со иранскиот претседател Хасан Рохани, рече Путин на енергетскиот самит во Москва.
Тој изјави дека Рохани лично му кажал дека Техеран нема никаква врска со нападите.
Путин истакна дека САД не доставиле никакви докази за наводната улога на Иран во нападот врз саудиските нафтени објекти минатиот месец.
Одговорност за тие напади со беспилотни летала презедоа бунтовниците Хути од Јемен.