Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е неприфатливо да се жртвуваат луѓето за да се спаси економијата во услови на ширењето на коронавирусот.

„Велат дека во античка Спарта, болни лица и осакатени деца биле фрлени од планината Тајгет. Денес историчарите и археолозите сметаат дека ова е само легенда, мит”, рече Путин на сесијата за борба против ширењето на короната во руските региони.

„Меѓутоа, знаеме дека спартанското општество навистина било изградено врз цврсти правила. Сепак, ниту тоа не помогна. Таа на крајот ја изгуби државноста. Како што се вели, историјата е учител на животот“, објаснува Путин.

Претседателот на Русија исто така потсети и на приказната „Закон за живот“ на Џек Лондон.

„Во неа се зборува дека племето ги напуштало старите лица кога ќе им станале товар. Децата ќе им дале малку храна и си заминувале, оставајќи ги родителите да бидат храна на дивите ѕверови, да умрат. А стариот татко, оставен сам покрај огнот, веруваше и целосно се надеваше дека синовите ќе дојдат по него. Можете ли да замислите вакво нешто може да им се случи на нашите родители, нашите баби и дедовци, како во таа приказна?, заклучи рускиот претседател.

Рускиот лидер денеска ја објави веста за продолжување на неработните денови во земјата до 11 мај.