„Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучително и прекин на огнот“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата прва реакција по двочасовниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Хина.

Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп заврши пред малку.

Рускиот претседател разговорот го опиша како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесуваат руските агенции.

Путин наводно му се заблагодарил на Трамп за неговата улога во обновувањето на директните преговори меѓу Москва и Киев.

Според државните руски медиуми, Путин наводно рекол дека тие „генерално се на вистинскиот пат“, но повторил дека двете страни ќе мора да се согласат на компромиси, пренесе Хина.