ПУТИН ПО СРЕДБАТА СО БАЈДЕН: Немаше непријателство, средбата беше конструктивна!

/ 16.06.2021

Рускиот претседател веднаш по средбата одржа одвоена прес конференција , на која истакна делови од разговорот со американскиот претседател.

Новинарите го прашаа Путин дали разговорите меѓу него и Бајден биле непријателски.

Рускиот претседател решително рече дека разговорите не биле непријателски и дека тие всушност биле доста конструктивни, при што обете страни покажале подготвеност да се разберат.

Путин додаде дека тој и Бајден се согласиле да започнат преговори за сајбер безбедноста. Белата куќа навести дека Бајден ќе се осврне на прашањето за неодамнешните сајбер напади врз големите корпорации за време на состанокот со Путин.

Путин рече дека се согласил со Бајден за позицијата на амбасадорите и дека тие треба да се вратат на своите дипломатски должности.

Да потсетиме, рускиот амбасадор во Соединетите држави Анатолиј Антонов и американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан беа вратени во своите матични земји во последните месеци поради зголемените тензии меѓу САД и Русија.


Од истата категорија