Руски авион со медицинска техника и средства за заштита би требало да полета за САД до крајот на денов, соопшти вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Направена техничка координација и подготовки за испраќање на авион, која, како што се очекува, ќе полета до крајот на денов, рече вчера Песков.
Тој додаде дека за оваа помош се разговарало синоќа (понеделникот), во текот на телефонскиот разговор на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Важно е да се нагласи дека претседателот Путин, предлагајќи му на американскиот колега помош, тргнувал од тоа, кога американските прозиводители на медицинска опрема и материјали ќе го поткренат обемот на производство, тие, исто така, во случај на потреба да одговорат со иста мерка“, нагласи Песков.
Тој додаде дека на таков принцип соработуваат Москва и Пекинг.
„Сега, кога оваа ситуација ги допира сите, без исклучок нема алтернатива на заедничката борба во духот на партнерство и взаемна помош“, заклучи портпаролот на рускиот лидер.