Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска предупреди дека ситуацијата со епидемијата со новиот коронавирус „не се подобрува“.
Тој побара да му се доставуваат дневни извештаи и прогнози за ситуацијата. Путин најави и дека армијата може да биде вклучена во мерките против Ковид-19, вклучително и помош од воено-медицинскиот персонал.
Во поголемиот број руски региони се воведени слични мерки како и во Москва, при тоа препорачувајќи им на граѓаните да не ги напуштаат домовите ако не е неопходно.
Инаку, последноте податоци се дека Русија има евидентирано 18 328 заразени, но тоа што ги загрижува Русите и самиот Пурин е дека бројот н новозаразени постојано расте и покрај мерките, па така во последните 24 часа имаат 2 558 нови позитивни лица.
Вкупно починати се 148 лица или еден смртен случај на еден милион жители. Бројот на тестирани е близу 9 000 на еден милион или Русија има извршено 1,3 милиони тестирања.
Повеќе тестови во апсолутна бројка имаат направено само САД со над 2,8 милиони и Германија со 1,317 милиони, со тоа што Германија има двојно помалку жители од Русија и речиси четири пати помалку од САД.