Рускиот претседател Владимир Путин Владимир Путин му наложи на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе прекин на огнот на целиот фронт во Украина од 12 часот на 6-ги јануари до 24 часот на 7-ми јануари, иако претходно од Киев го отфрлија предлогот за божикно примирје што го упати рускиот патријарх Кирил.
„Имајќи го предвид обраќањето на неговата светост патријархот Кирил, му порачувам на министерот за одбрана на Руската Федерација до 12.00 часот од 6-ти јануари до 24.00 часот на 7-ми јануари да воведе режим на прекин огнот долж целата линија на контакт меѓи страните во Украина“, се наведува во објавата на Кремљ.
Од Кремљ истакнуваат дека најголемиот дел од населението во областите во кои се водат борбите во Украина го исповедаат православното христијанство,, и поради тоа Русија ја повикува Украина да им даде можност „да присуствуваат на богослужбите на Бадник, како и денот на Рождеството Христово“.
Украина, во која власта ја преземаа политичките сили кои инклинираат кон унијатството и католицизмот и со помош на западните притисоци издејствуваа пред неколку години прогласување украинска православна црква од страна на цариградскиот вавселенски грчки патријарх Вартоломеј, претходно го одби повикот на патријархот на руската православна црква Кирил, на примирје.
„Тоа е цинична стапица и елемент на пропаганда“, објави на Twitter во четвртокот советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак и оцени дека Руската православна црква наводно дејствува како „воен пропагандист“ и го обвини московскиот патријарх дека наводно повикувал на геноцид над Украинците.
Патријархот Кирил претходно во четвртокот ги повика двете завојувани страни да прекин на огнот наведувајќи го „внатрешен судир“ меѓу двата историски тесно блиски народи и православни христијани.
„Јас, Кирил, патријарх на Москва и на цела Русија, апелирам на сите страни вклучени во судирот да го прекинат огнот и да воспостават божикно примирје од 6-ти јануари во 12 часот од 7-ми јануари во 24 часот, за да можат православните верници да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божик“, се наведува во посланието на московскиот патријарх.