Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија е единствената земја во светот која дава технологија за производство на вакцини против коронавирус.
Како што рече, Русија успеа многу брзо да развие три вакцини против коронавирус, а наскоро ќе излезе и четвртата Спутник лајт.
Покрај тоа, производството на вакцината Спутник В е успешно лансирано и во Белорусија и во Казахстан, потсети тој за време на состанокот на повисокиот евроазиски економски совет. Тој додаде дека во моментов покренување производство на оваа вакцина се разгледува во Ерменија и Киргистан.
Патем, еднокомпонентната вакцина против коронавирусот Спутник лајт, направена од Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, е последната во низата регистрирани во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти.
Од нашите соседи, Србија исто така започна со пакување на руската вакцина против коронавирусот Спутник В, а почетокот на производството е најавен за 20 мај, додека првите дози треба да излезат од Торлак помеѓу 5 и 10 јуни.