За време на разговорот, Нетанјаху го критикуваше ставот на Русија за војната во Газа.
За време на телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Руската Федерација е подготвена да обезбеди секаква можна помош за да се олесни страдањето на цивилите во Газа и да се деескалира конфликтот, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Се додава дека, освен тоа, бил изразен взаемен интерес за продолжување на соработката за прашањата за евакуација на руските државјани и членовите на нивните семејства, како и ослободување на Израелците приведени во Газа, пренесуваат руските медиуми.
Како што наведуваат, договорено е контактите да продолжат.
За време на разговорот, Нетанјаху го критикуваше ставот на Русија за војната во Газа.