Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека очекува Русија да достигне колективен имунитет на коронавирусот до крајот на летото и да ги укине ограничувањата поврзани со пандемијата.

„Ако (вакцинацијата) се одвива со истото темпо како досега, мислам дека летово, до крајот на летото, ќе постигнеме, мора да постигнеме таков индикатор“, истакна Путин.

Рускиот претседател, кој беше вакциниран со вакцина од руско производство оваа недела, исто така рече дека единствените несакани ефекти што ги доживеал биле лесна болка во мускулите следното утро и непријатно чувство на местото на инјектирање.