Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните банки дека не ги платиле испораките на руски гас, откако тој побара од земјите-членки на Европската Унија и другите земји рускиот гас да го плаќаат во рубљи.
Говорејќи на денешниот состанок за актуелната ситуација во секторот за нафта и гас во земјата, Путин ги обвини западните партнери за, како што рече, „неисполнување на извозните испораки на руските енергетски ресурси“.
„Банките од овие крајно непријателски држави го задржуваат трансферот на плаќањата“, рече Путин.
Во своите денешни изјави Путин, исто така, предупреди дека Москва ќе преземе мерки за одговор на евентуалната одлука за воведување ембарго на руската нафта и гас. Киев го притиска Западот да спроведе вакво ембарго.
„Последиците од таквиот потег можат да бидат многу болни, особено за иницијаторите на таквата политика“, рече Путин.