Уделот на модерното вооружување во руската војска изнесува над 68 отсто, додека многу вооружени системи се без конкуренција во светот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на рускиот Совет за безбедност.

-Дозволете ми посебно да го напоменам успешното спроведување на државната програма за вооружување, која овозможува придвижување на техничкото вооружување на воената организација, рече Путин, пренесен од Тасс.

-Уделот на модерното вооружување и опрема во војската и морнарицата веќе достигна над 68 проценти, додека некои вооружени системи според своите карактеристики ги надминуваат странските модели во текот на многу години кои доаѓаат, нагласи рускиот лидер.

Путин истакна дека во следните години уделот на модерноот вооружување и опрема во војската, флотата и другите безбедносни сили мора да расте и да достигне 70 проценти и додаде дека потоа, ќе мора постојано да се оддржува тоа ниво.

Според него, и покрај брзиот технолошки напредок во светот, руските вооружени сили  мораат да бидат опремени во согласност со најсовремените научни и технолошки откритија.