Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека е потребно Украина да се врати во состојбата во која земјата ја прогласи својата независност – неутрален и неврзан статус на држава која нема нуклеарно оружје.

„Неопходно е да се вратиме таму каде што започнала украинската државност, имено на она што е напишано во Декларацијата за независност“, рече Путин во интервју за „Скај њуз Арабија“, кое се емитуваше во саботата, објави ТАСС.

Властите во Киев сакаат да се приклучат кон НАТО и да набават нуклеарно оружје под изговор дека Киев направил грешка со тоа што одбил да го набави за време на распадот на СССР, јавува руската агенција.

Украинската неутралност е прогласена со Декларацијата за независност на Украинската Советска Социјалистичка Република, усвоена во 1991 година.