Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинските вооружени сили убиле 14 нивни војници кои се предале на една од борбените линии, пишува руската новинска агенција ТАСС.
„14 украински војници се предадоа вчера на една линија од бојното поле. Но, веќе беше доцна… Неколку наши војници останаа со нив, ги чуваа, за да можат подоцна утрото војниците да бидат изнесени од борбената зона. На тоа место непријателот испука 300 гранати. Тие ги убија своите војници“, рече Путин денеска на средбата со Денис Пушилин, лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк.
„За жал, беа повредени и нашите момчиња“, додаде Путин.
Путин рече дека Русија во Украина се справува со крајно брутален режим кој не ги штеди ниту Русите ниту сопствениот народ.