Украинските сили мора да бидат протерани од областа Курск, а Русија ќе одговори на украинските напади, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
На седницата на Советот за национална безбедност тој посочи дека со упадот во областа Курск, Украина се обидува да ја подобри својата преговарачка позиција.
Но, за какви преговори можеме да зборуваме со луѓе кои пукаат во цивили, рече Путин.