Руските сили ослободија 5.000 квадратни километри и 219 населени места оваа година, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Стратешката иницијатива на фронтот во зоната на Специјалната воена операција целосно ѝ припаѓа на Русија. Руските сили ослободија пет илјади квадратни километри и 219 населени места оваа година, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Одлуките донесени во февруари 2022 година беа точни и навремени“, рече Путин на состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност во рамките на неговата посета на Северозападниот федерален округ.
Рускиот лидер истакна дека вооружените сили на Украина се повлекуваат по целата контактна линија.
„Во овој поглед, режимот во Киев, сакајќи да им покаже на своите западни спонзори барем некаков успех, се обидува да изврши напади длабоко во руска територија врз апсолутно цивилни објекти. Наша задача е да ја обезбедиме безбедноста на руските граѓани, безбедноста на стратешките објекти и објектите на цивилната инфраструктура, вклучително и енергетиката“, рече рускиот претседател.
На состанокот присуствуваа премиерот Михаил Мишустин, Валентина Матвиенко, претседателката на Советот на Федерацијата, претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин, шефот на претседателската администрација Антон Ваино, помошникот на претседателот Николај Патрушев, министерот за одбрана Андреј Белошов, директорот на ФСБ Александар Бортников, шефот на Службата за надворешно разузнавање на Русија Сергеј Наришкин и специјалниот претставник на претседателот Сергеј Иванов.