„Неодамна на Запад се слушнаа изјави дека Русија треба да биде поразена на бојното поле во Донбас – нека се обидат“, рече рускиот претседател Владимир Путин на средбата со раководството на Државната дума и лидерите на фракциите.
„Денес слушаме дека сакаат да не победат на бојното поле. Што да кажам, нека пробаат. Веќе многупати слушнавме дека Западот сака да војува со нас до последниот Украинец. Тоа е трагедија за украинскиот народ, но, се чини, се оди во таа насока. Сите треба да знаат дека уште ништо сериозно не сме почнале. Во исто време, не ги отфрламе мировните преговори. Но, оние кои одбиваат треба да знаат дека како што поминува времето, ќе им биде потешко да преговараат со нас“, рече рускиот лидер.