Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји си постигнале „автогол“ со воведувањето санкции против Русија и дека санкциите довеле до „влошување на економиите на Запад“, пренесува РСЕ.
Поради руската инвазија врз Украина, која започна на 24 февруари, САД, ЕУ, Велика Британија и нивните сојузници воведоа
Зборувајќи за состојбата на руската економија, Путин рече дека инфлацијата се стабилизира и дека малопродажната побарувачка во земјата е нормализирана.
Во разговор со највисоките владини претставници преку видеоврска, Путин рече дека Русија треба да го забрза процесот на користење на националните валути во надворешната трговија под нови услови.
Тој додаде и дека рускиот буџет треба да се користи за поддршка на економијата.
Руската економија е погодена од невидените западни санкции кои се осмислени да ја казнат Москва за инвазијата врз Украина.
Санкциите, меѓу другото, доведоа до повлекување на стотици странски компании од Русија. Градоначалникот на Москва денеска рече дека 200 илјади граѓани на главниот град во Русија се во ризик од губење на работата.
За годинава се предвидува драстичен пад на руската економија. Светската банка предвидува пад од дури 11 отсто, додека други западни прогнози велат дека падот би можел да достигне и 20 отсто.
Претставници на ЕУ во меѓувреме расправаат дали да воведат ембарго на руската нафта. САД и Велика Британија веќе забранија руска нафта за да ја отсечат Москва од значителен извор на приходи.