Германскиот клуб РБ Лајпциг се најде во прилично непријатна ситуација изминатиот викенд пред натпреварот со Баер Леверкузен. Обезбедувањето на стадионот на клубот избркало околу 20 јапонски навивачи од последниот натпревар на тимот.

Лајпциг се извини за нивното протерување, што очигледно се должи на стравувањата од коронавирус кој доаѓа од Азија. Клубот призна дека им наредиле на чуварите „да покажат поголема будност и да ги засилат проверките на одредени групи за зголемен ризик“ пред нивниот меч со Баер Леверкузен во текот на викендот.

Клубот соопшти дека „направиле грешка, во услови на конфузија и неизвесност за зараза со коронавирус“.

Лајпциг, исто така, рече дека тие се обидуваат да контактираат со прогонетите навивачи за да ги поканат на нивниот следен натпревар дома.