Демократијата ширум светот „е под закана“, а автократските режими се закана за глобалната стабилност и просперитет.
Тоа предупредување ќе го објави подоцна денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб. Тој ќе одржи говор на безбедносна конференција во Институтот „Аспен“ во САД.
Рааб ќе ја оквалификува надворешната политика како „мисија за добро во светот“. Тој ќе констатира дека глобалните демократски институции сега се изложени на најголема закана од крајот на Студената војна.
„Демократијата е во светот е под закана“, ќе нагласи тој, јави Би-Би-Си.