Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го осуди масовниот притвор на повеќе од 50 новинари во Белорусија, вклучувајќи и британски новинар на Би-Би-Си и други членови на локалните и меѓународните медиуми.
„Ова е несомнен обид за мешање во објективното и искрено известување“, напиша Раб на Твитер.
Тој додаде дека властите во Белорусија мора да престанат да ги напаѓаат новинарите и порача дека треба да се брани слободата на медиумите.
Како што пренесуваат странските агенции, на новинарите, кои известувале од протестот во Минск, им се одземени телефоните и личните документи.