Шефот на британската дипломатија Доминик Раб денеска изјави дека Кина ќе мора да одговори на тешки прашања за тоа како се случила епидемијата со новиот коронавирус и дали истата можела да биде спречена.
– Светот мора да дознае што се случи во Кина во првите денови на пандемијата, посочи Раб.
Тој додаде дека пандемијата ја покажала вредноста на меѓународната соработка.