Работнички уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на реваншот против унгарски Хонвед беше поразен со високи 4:0.
На натпреварот во Будимпешта домаќините по само 15-тина минути игра стигнаа до предност од 2:0. Филип Холендер во 6-та минута го постигна првиот гол, а десетина минути подоцна истиот фудбалер повторно беше прецизен за водство од 2:0 за Хонвед.
Во второто полувреме Херера направи прекршок врз Данило во шеснаесетникот, по што доби директен црвен картон. Данило успешно го реализираше пеналот во 63-та минута за водство од 3:0 на Хонвед.
А Работнички до крајот на натпреварот играше со фудбалер помалку по црвениот картон на Херера.
Во финишот Хонвед дојде и до убедливи 4:0 со голот на Данило во 84-та минута.
Иако Работнички по првиот натпревар од Скопје имаше минимална предност од 2:1, сепак Хонвед со оваа убедлива победа оди во второто коло.