На интернет се појави скандалозна снимка на која се гледа како кинески работници ползат по улица како казна што не ги исполниле зададените деловни цели.
Работниците од кои повеќето биле жени, ползеле зад човекот кој ја предводел колоната, држејќи го црвеното знаме на компанијата. Срамната поворка била запрена во моментот кога интервенирала полицијата.
Според извештаите, оваа компанија која се занимава со продажба на препарати за нега и убавина е привремено затворена. На социјалните мрежи и претходно се објавувани вакви слични снимки од казнување на работници.