Педесет и три годишниот И.Б. од село Врбјани вчера се повредил при пад од скеле.

Како што соопшти МВР, И.Б. додека изведувал градежни работи, паднал од импровизирано скеле, при што се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентниот центар Гостивар, каде му била укажана лекарска помош.

Случајот вчера околу 15 часот бил пријавен во Полициската станица Гостивар.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.