Работодавачите во Германија редовно „искористуваат“ странци кои помалку ги плаќаат, ги вработуваат без договор и ги присилуваат да работат прекувремено, и за тоа не им плаќаат, предупредува германскиот Институт за човекови права.
Тие странци меѓу кои Сиријци и Ирачани пристигнале во 2015 година, но и Романци, Бугари и Јужноамериканци се жртви на „немилосрдно искористување“ на работа, наведува тој институт во годишниоот извештај поднесен во Парламентот.
Работодавачите не се срамат да им исплаќаат на странците многу пониска дневница од минималната од 8,84 евра за еден час. Некои странски работници мора да работат и прекувремено и тоа не им се плаќа, или работодавачите ги сместуваат во несоодветни услови, истакнува Институтот.
Такви ситуации се најмногу во секторите градежништво, преработка на место, но и во здравството и угостителството.