Српската пејачка Рада Манојловиќ изминатиот викенд настапуваше во еден ноќен клуб во Кавадарци, а утрото по настапот на Инсатграм објави фотографија за која доби доста негативни коменатри.
Имено, на фотографијата, веројатно по будење, носи обична маичка на рамки, а на лицето има по малку избледена шминка.
„Што правиш од себе, што ти е со устата?“, „Дали спиеш со шминка или…?“, „Катастрофа, фали само да зине“, се некои од критиките кои се најдоа во коментари, а секако имаше многу такви на кои Рада им се допаѓа во секакво издание.
View this post on Instagram
Од приложениете снимки може да се види дека кавадарчани и тоа како се забавувале на настапот на српската пејачка, а тоа дека и таа дала се од себе, говори и утринската фотографија од хотелската соба.