Рада Манојловиќ призна дека се поретко им се јавува на новианрите, па и зошто не зборува често за приватниот живот.

„Јас личам на домашен глушец, пикната сум во 4 ѕидови, не сакам таква да ме снимаат“, се пошегува и објасни зошто во последно време не се појавува често во јавност со момчето Харис Берковиќ.

„Не можам некого да покажувам цело време, или тој некој мене. Па да се водиме за раце и тогаш се е во ред. Сто пати повторив дека нема проблеми. Него го нема, нема проблеми. Се е како што треба во љубовта, само тоа не го збориме на цел глас“, изјави пејачката во емисијата „Гламур“.