Претседателот на Бугарија Румен Радев вели дека притисоците врз Софија за спорот со Македонија се контрапродуктивни.
Тој не очекува дека Франција ќе врши притисок врз Бугарија за побрзо решавање на спорот.
-Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја знае позицијата на Бугарија и затоа не очекувам притисок. Имаме јасен договор. Со Франција мораме да ги решиме енергетските прашања, додаде Радев.