Илинден се празнува и во Бугарија. 120 години од ослободување на бугарскиот народ во Македонија и Одринска Тракија, со овие зборови бугарската национална телевизија БНТ ја отпочна утринската програма на најголемиот државен празник кој го празнува Македонија, Илинден. Јавниот сервис во Софија потготвил богата програма на тема борбата на Бугарите за време на Илинденското востание.
Како што информира бугарскиот јавен сервис, во 1903 та загинале над 5000 луѓе, а 30.0000 Бугари биле приморани да се преселат во слободна Бугарија.
Бугарскиот претседател Румен Радев упати честитичка до својот македонски колега Стево Пендаровски во која вели дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание и тоа е голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија.
Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани. Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите. Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа, стои во честитаткта на Радев до Пендаровски.