„Ако денес Република … Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто таа е најде сила да ги вклучи во својот Устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот! Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела“.
Ова го рече претседателот на Бугарија, Румен Радев, во својот говор во градот Гоце Делчев за време на чествувањето по повод 120-годишнината од смртта на револуционерот.
Домаќин на настанот беше градоначалникот на Гоце Делчев, Владимир Москов, а гости беа и министрите Иван Демерџиев и Иван Шишков, заменик министерот Николај Шушков, регионалниот гувернер Стојан Христов, градоначалниците на Петрич, Сандански, Банско, Симитли, Сатовча, Гармен.
„Гоце Делчев е неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско. Со својата невидена верба ги освои умовите и срцата на Бугарите. Неговиот живот беше краток, но неговото име стана симбол на потрагата по слобода“, рече Радев.