Радио Слободна Азија, меѓународен радиодифузер кој емитува вести во земјите низ Азија, денеска објави дека ги отпушта повеќето од своите вработени бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп го намали финансирањето на меѓународните радиодифузери што САД ги финансираа со децении.

Извршниот директор на Радио Слободна Азија, Беј Фанг, изјави дека отпуштањата биле неопходни поради повлекувањето на финансирањето од САД, иако американскиот федерален судија минатата недела застана на страната на меѓународниот радиодифузер, објави Си-Ен-Ен.

Администрацијата на Трамп се жали на судските одлуки во врска со меѓународните радиодифузери.

Кон средината на март, Трамп одлучи да го затвори „Гласот на Америка“ и да го повлече федералното финансирање од другите радиодифузери.